Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе игра против Албанија во квалификациите за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Струмица, во осмото квалификациско коло за пласман на Светското првенство во Русија, ќе ја пречека Албанија.

Македонија ќе се обиде да и се реваншира на Албанија за поразот 1:2 пред една година во Скадар и да го зголеми бодовното салдо. Дуелот со Албанија за избраниците на Игор Ангеловски доаѓа по саботната победа во хаифа над Израел, победа која дополнително ја крена атмосферата и самодовебата кај репрезентативците.

Македонскиот селектор вели дека е среќен што репрезентацијата ќе игра официјалн натпревар во Струмица, градот на Горан Пандев.

„Очекувам поддршка од трибините и убеден сум дека ќе го одиграме најдобриот натпревар во овие квалификации. Играчите се подготвени за надигрување со западниот сосед. Ќе го дадеме најдоброто од себе и очекувам позитивен резултат“, вели Ангеловски.

Селекторот на овој натпревар нема да може да смета на услугите на најлмалдиот репрезентативец Елмаз, кој дуелот ќе го пропушти поради два жолти картони.

На спротивната страна селекторот Кристијан Панучи вели Албанија ќе игра на победа, изразувјќи се со пофални зборови за играта на Македонија на дуелот во Хаифа против Израел.

„Македонија не му дозволи на Израел да развие игра. Ќе биде ова тежок натпревар против тим кој игра офанзивен фудбал. Но ние дојдовме тука за да победиме“, вели легендарниот италијански фудбалер, кој во сабоата против Лихтенштајн дебитираше како селектор на Албанија.

Натпреварот во Струмица ќе започне во 20:45 часот, а во истиот термин во групата ќе играат Италија-Израел и Лихтенштајн-Шпанија.

На табелата води Шпанија со 19 бодови, пред Италија со 16, Албанија со 12, Израел со 9, Македонија со 6 и Лихтенштајн кој е без бодови