Фрлен молотов коктел во угостителски објект во Скопје

Непознат сторител синоќа фрлил шише со запаллива течност во угостителски објект при што е запален дел од теписонот.

Објектот, кој е лоциран на ул. „Анастас Митрев“, во моментот бил затворен.

Случајот е пријавен во полиција во Скопје во 21.56 часот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.