Христијанските верници кои се раководат по Јулијанскиот календар, денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос.
Христијанските верници кои се раководат по Јулијанскиот календар, синоќа го празнуваа Бадник, а денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Во многу цркви во Македонија се одржаа празнични богослужби. На празникот во црква се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. Жена ја допира иконата за време на богослужба за Божик во црквата Свети Климент во Скопје.