Фото: Спречен тежок инцидент на вечерашните протести во Скопје

Незадоволните граѓани предводени од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и приврзаниците на ГДОМ вечерва се пресретнаа на крстосницата кај Соборниот храм во Скопје, пренесе Телеграф.

Првите движејќи се од кај Владата на Република Македонија во правец кон булеварот „Партизански одреди“, а вторите од Собранието на РМ исто така кон „партизанска“.

Двете групи се пресретнаа на самата крстосница, но зголеменото присуство на полицијата и нивната подготвеност не дозволија физички судир.

Се што можеше да се забележи се само вербални довикувања, свирежи и навреди.