Видео: Протести, полиција и цвеќе

Еден од најпечатливите моменти на синоќешните протести на кои се бараше оставка на претседателот Ѓорге Иванов, организирани од граѓанската инцијатива Протестирам, беше моментот кога дел од учесниците на протестот им поделија цвеќиња на полицајците кои не дозволуваа пристап до Собрание. Ова го земаа како пример од другиот протест на ГДОМ, кои први го направија овој гест додека другава страна водеше битка против полицијата. Се надеваме дека двете страни ќе се залагаат за мирни протести без насилство. На крај, на изненадување на многумина, со цвеќето полицајците си ги накитија штитовите.