Уште една трагедија на Македонец кој загина во странство, овој пат животот го загуби 29 годишен скопјанец во близина на македонско-грчката граница. Во сообраќајната несреќа возачот најверојатно изгубил контрола и автомобилот „шкода суперб“ удрливо во дрво покрај авпатот Солун – Гевгелија.
Според сведоци на оваа сообраќајна несреќа, во возилото биле сопругата на возачот, која била бремена, едно двегодишно дете и уште една повозрасна жена. Грчката полиција неколку часа вршела увид на местото на несреќата. Засега нема информации за потешки повреди на останатите патници во возилото.
Фото: Мкд.мк