Фото: Серија земјотреси попладнево почувствувани во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 26.01.2017 год., регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 16 часот и 28 минути со Рихтерова локална магнитуда 1.9. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Според последните информации на светската страна која следи земјотреси emsc.eu пред околу 30-тина минути уште еден земјотрес со јачина од 2.1 по Рихтер бил почувствуван во Скопје. Очекуваме официјални информации од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија.