Нов земјотрес попладнево ја стресе Македонија, почувствуван и во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 110км западно од од Скопје, во соседна Албанија.

Земјотресот се случи во 12 часот и 30 минути со Рихтерова локална магнитуда 4.3. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван најсилно во западните делови на Македонија и тоа во Дебар со интензитет од IV-V степени и Гостивар со интензитет од III-IV според Европската Макросеизмичка Скала.

Во Скопје и во југозападните делови од територијата на Р. Македонија во Кичево, Тетово, Охрид и Битола земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.