Фото: Ресторан - дивгорадба никна сред центар

Нов ресторан ќе се отвора деновиве во строгиот центар на Скопје, но според сознанија до кои дојде „Телеграф“ објектот немал уредна градежна дозвола.

Засега нема информации кој е сопственикот на објектот, но веќе била испратена инспекција која утврдила дека за објектот немало целосна документација.

Објектот се наоѓа во близина на Католичката црква во Скопје, а неофицијално за деновиве се најавува и негово отворање.

Од општината Центар сè уште нема податоци за овој објект и за тоа дали е целосна документацијата околу неговата изградба.