Фото: Генералка на Скопје - се чистат спомениците оштетени од демонстрантите

Службите на Град Скопје започнаа со чистење на културните обележја кои веќе неколку недели се мета на демонстрантите на Шарената револуција, кои ги уништија со боја.

Бојата излегува тешко, за она што е уништено ќе биде потребен труд и време за да се доведе до нормален изглед, а токму затоа десетици граѓанки излегоа да им помогнат на службите во чистењето на спомениците во главниот град.

Жените на себе носеа маички со пораката „Не ме фарбај“, а испратија уште една порака.

-Пораката до сите е да не се оштетува културното наследство она што треба да остане за понатамошните генерации. Спомениците се за нас и за странците кои доаѓаат да ги видат. Градот треба да биде убав и чист.

Покрај спомениците во Жена Парк се чистеше и Порта Македонија, како и лавовите на мостот „Гоце Делчев“.