Ќе се чистат езерцата и каналите во Градски парк во Скопје

ЈП "Улици и патишта " Скопје започнува со активности за чистење на езерцата и каналите во градскиот парк.

- Согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, отворените канали, езерца и канали во градскиот парк, по налог на Град Скопје, екипи на јавното претпријатије „Улици и патишта" започнуваат со активностите за комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои не се чистени околу пет години. Подготвителните активности за чистење на езерцата веќе се во тек, а екипите од понеделник ќе ги отпочнат активностите за чистење кои ќе се одвиваат во неколку фази, информираа од претпријатието. 

- Во првата фаза се стопира дотокот на вода и се заловува и згрижува рибниот фонд во соодветни услови за чување се до негово повторно враќање. Со пумпи се вади останатата количина на вода во езерата и се суши површината, по што во втората фаза следува машинско чистење на езерцата од лисја, отпадоци, мил и наноси од земја. Се чисти и каналот по кој тече вода во езерскиот систем во паркот по што во завршната фаза се полнат езерата, појаснуваат надлежните. 

Активностите за чистење на езерцата во Градскиот парк ќе се изведуваат и во наредниот период, а ЈП „Улици и патишта“ Скопје апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.