Филмска бркотница во Скопје, им бегал со мотор па кога го фатиле виделе дека го бараат во Косово поради учество во странски војски

Вчера, полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер во атарот на село Танушевци, забележале лице кое се движело со крос мотор од село Арачиново кон Косово, известува МВР. 

Службеници од СВР Скопје му направиле знак на лицето да запре, но тоа продолжило да се движи, па биле преземени дополнителни мерки за негово запирање и притворање.

Од МВР утврдиле дека лицето е 29-годишниот Б.С. од Витина, Косово, за кого е распишана меѓународна потерница од Косово за кривично дело „учество во странска војска“, велат од МВР