ФФМ го одложи првенството за 12 август

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи почетокот на новата сезона во Првата македонска лига за 12 август поради комплетирање на документацијата во процесот за лицитирање на клубовите.

Наместо првиот викенд од август, Македонската прва лига ќе стартува една недела подоцна, ваква одлука донесе ФФМ за да им даде време на клубовите да ја комплетираат документацијата за лиценцирање.

Шампионатот и оваа сезона се игра во четикружен систем со вкупно 36 кола.