Фејсбук е преполн со мотивациски пораки за тоа дека никогаш не треба да се откажуваш, но дали е тоа навистина така?

Да се откажеш или не?

Овие денови Фејсбук ми е преполн со мотивациски пораки за тоа дека човек не треба никогаш да се откажува. Никогаш.

Запишуваш факултет и сфаќаш дека тоа не е она што си го очекувал. Сфаќаш дека воопшто не се снаоѓаш, но си велиш себеси дека никогаш нема да се откажеш, иако си сосема сигурен дека за тебе има и други смерови кои подобро би ти легнале, а можеби дури и подобри факултети. Многумина ќе те советуваат дека мораш да го завршиш она што си го почнал и дека ништо не е лесно.

Јас не мислам на тоа во смисла дека ми е тешко на факултет или на работа, па ајде ќе се откажам. Мислам на тоа кога чувствуваш дека душата ти се бунтува и не гледаш никаква перспектива во тоа. Упорно удираме со ѕид во глава надевајќи се дека ѕидот ќе попушти. Но, ѕидот не попушта. Сите патишта не се наши патишта и не значи дека секој пат по кој ќе тргнеш е единствениот пат за тебе. Понекогаш е добро човек да се откаже ако не се пронаѓа во нешто и не може да најде начин како да го засака тоа што го прави.

Решението е да се откажеш. Да го земеш животот во свои раце и самостојно да носиш одлуки, затоа што пред сѐ ние самите ги сносиме последиците од нашите одлуки.

Тешко е да се откажеш од некој сон. Тоа е како некој дел од вашата душа да умре, а тоа го сфаќаат само оние кои потполно се внесуваат во нешто. Ако вие се внесувате во нешто, а сепак нема резуптати, треба сериозно да се преиспитате. Едноставно можеби тоа не е за вас. Тоа се одлуки и тоа е борба.

Животот е учење и барање. Ако не можеш да совладаш некој предизвик, можеби тоа не е за тебе. Не е страшно да се бараш себеси, да се менуваш, да станеш подобар. Тоа е тешко, исто како што и одлуките се тешки. Да се откажеш или да бидеш несреќен, а да го завршиш она што си го започнал. Со сила да се занимаваш со нешто без важни резултати. Не си кукавица ако се откажеш, кукавички е да одиш сам против себе. Ако не можете да го засакате својот пат и не наоѓате уживање во него, променете го патото. Променете го патот, променете го правецот. И доследно одете по него. Многумина кои имаат најдобри намери ќе се обидат да ве разубедат.

Но, тие не го живеат вашиот живот. Вие го живеете. Сето тоа незадоволство се таложи во вашата душа и еден ден, само една мала капка ќе ја прелие чашата. Вашите одлуки се само ваши. Па дури и ако решите да останете таму каде што сте, тогаш помирете се со тоа. И дајте сѐ од себе. Човек доаѓа до позиција или да се откаже или потполно да се посвети во решавање на предизвиците. Сѐ помеѓу е млако. Нема трето, нема паѓање во депресија, прибегнување кон алкохол или дрога. Или која било активност која е илузија. Да не продолжам да набројувам. Што и да одлучите, мора да бидете потполно ускладени со одлуката.

Ако сакате нов почеток – така нека биде. Ако не се откажувате, тогаш вложете се повеќе и удрите посилно. Најлошо е кога не се откажуваш, ама не ни продолжуваш, затоа што не знаеш поинаку. Заробени во играта „Не се откажувам, ама го мразам ова што го правам.“ Ако веќе стигнало до тоа, откажете се. Има и други предизвици. Не знаете зад која врата ве чека среќата. Слушајте се себеси, слушајте ја својата душа и ќе знаете како понатаму. Сакате да појдете во битка со скршен меч или сепак ќе се повлечете?

Запомнете дека вашиот живот е само ваш живот. И само вие сте одговорни за него. Или ќе доживеете неуспех или ќе му се радувате на успехот. Не се кријте позади родителите кои не ви дале поддршка или лошите околности. Самите сте си го одбрале патот по којшто одите. И тоа е вашата борба и ваш пораз или победа. Верувајте во себе, борете се и самите носете одлуки. Бидете војникот на вашиот живот. И кога еден ден ќе заврши сѐ, со гордост ќе кажете дека вие сте избрале. Љубов, мир, хармонија.