Нов в.д директор на Македонската опера и балет (МОБ) е фаготистот Ќазим Асотиќ со 30 годишен стаж во оваа национална установа.
Музичарот на функцијата доаѓа на местото на досегаШниот в.д. директор Илија Рајковски.
Тој е назначен на функцијата во петокот, а вчера покрај примопредавањето на функцијата имал и заедничка средба со директорите на операта и балетот, Бисера Чадловска и Олга Панго.