Европскиот првак Стоилов во составот за квалификациите за ЕП 2018

Стартуваат репрезентациските обврски за европските прваци Стојанче Стоилов и селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија Раул Гонзалес.

Селекторот Гонзалес ги повика 20-те ракометари на првиот собир на репрезентацијата за почеток на подготовките за двата последни натпревари средби од квалификациите за ЕП 2018 против Украина и Чешка.

Покрај Стоилов, меѓу поканетите ракометари е и нашето десно крило Мартин Поповски.

Собирот ќе се одржи во четврток, 08.06.2017 година, со почеток во 13:00 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје. Додека квалификациските натпревари се играат 15 јуни против Украина во Суми, а на 18 јуни во ВИП Арена „Борис Трајковски" во Скопје ќе се сретнеме со Чешка.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПРВ СОБИР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

Мартин Томовски, Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Велковски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Велко Маркоски, Златко Даскаловски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Влатко Митков.