ЕВН ќе гради трафостаници за новиот Луна-парк

Деновиве ќе почне изградбата на трафостаници за потребите на новиот забавен парк, кој веќе е во изградба, а одлуката треба да биде донесена денеска на седница на Советот на Град Скопје. Според образложението на одлуката, изградбата на трафостаниците е потребна за непречена изградба и пуштањето во функција на забавниот парк, како и за натамошно напојување со електрична енергија.

Трафостаниците ќе бидат со капацитет до максимум 5 MW, а ќе се градат со соинвеститорство со „ЕВН Македонија“. Изградбата ќе се изврши на градежно земјиште запишано во имотен лист во катастарската

Општина Kарпош и имотен лист во катастарската Општина Центар 1 на кое Градот Скопје има право на трајно користење. Градоначалникот на Град Скопје треба да склучи договор со „ЕВН Македонија“, со кој детаљно ќе се уредат правата и обврските во врска со изградбата на трафостаниците.