Какви реквизити за забава ќе има во новиот Луна парк во Скопје?

Новиот забавен парк ќе се изгради нова инфраструктура, придружни објекти и ќе бидат поставени нов забавни реквизити, а овој проект ќе се реализира фазно.

Истиот ќе се простира на истата површина како постојаниот Луна Парк и за неговата изградба нема да се зема од зеленилото во Градскиот Парк.

Во рамки на целиот проект за изградба на новиот забавен парк во Скопје ќе бидат набавени и поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.

Градоначалникот Трајановски посочи дека додека траат градежни работи, Луна Паркот нема да работи, додека дискотеките коишто се лицирани во постојаниот парк, ќе работат и оваа година (сезона).

Со овие постапки, скопјани конечно ќе добијат нов, модерен забавен парк, со нова опрема и реквизити, кој не е обновен од неговата изградба во 1973 година.