Македонската ракометна репрезентација ја декласираше Чешка со 33-20 и како првопласирана заврши во групата 4 од квалификациите за Европското првенство во Хрватска.

Поради пласманот на Евро шампионатот Управниот одбор на ракометната федерација на Македонија реши на ракометарите да им врачи награда од 40.000 евра.

Ова е продолжување на континуитетот на македонскиот репрезентативен ракомет, со четвртиот голем настан во низа.