Екстерно тестирање за основците и средношколците од денес до 11 јуни

Екстерно тестирање за учениците од средните училишта и основните училишта ќе почне да се спроведува од денес и ќе трае се до 11-ти јуни. Државниот испитен центар соопшти дека со екстерното тестирање ќе бидат опфатени 178. 648 ученици од основните и средните училишта. Тестирањата ќе се спроведат на 1 972 предмети. Екстерното тестирање има за цел да го провери постигнатиот успех на учениците во учебната 2015/16 година.

Претходно ДИЦ ги објави можните прашања по сите предмети овозможувајќи им на учениците да се подготват. По кои два предмети ќе бидат тестирани, учениците дознаа во петокот, така што имаа време викендов да ги повторат знаењата од конкретните области. 

Поради уписите во средните училишта кои се на 28 и 29-ти јуни најпрво ќе бидат прегледани и соопштени резултатите за деветтоодделенците, односно на 13-ти јуни. Средношколците ќе почекаат до 17-ти јуни за да ги дознаат своите резултати.

Тестирањето е воведено пред 3 години, повеќе како идеја да се провери објективноста на професорите.