Еко акции во сите основни училишта и градинки во Центар

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи објави дека во сите основни училишта и градинки на територијата на општина Центар се спроведува еко акција.

„Садиме цвеќиња и садници, ги чистиме дворовите и учиме за здрава, чиста и уредена околина. Се дружиме, смееме и го одбележуваме денот на пролетта. Навиките за одржување на животната средина се учат од раната возраст, а тука се и пријателите од Пакомак кои ги учат нашите дечиња за селекција на отпатот и неговите бенефити. И вие засадете цвеќе или дрво и уживајте во пролетта!“ напиша Герасимовски