Едноставни вежби за ослободување од стресот и напнатоста

Стресот и долготрајното седење во канцеларија се најчестите причини за вкоченост на мускулите, но и горниот дел од телото.

Забрзаниот начин на живот, но и долгото седење предизвикуваат напнатост и болки во пределот на грбот и рамената. Затоа, експертите препорачуваат вежбање кое значително придонесува за намалување на напнатоста и болката во овие делови од телото.

Подигнување на рацете над главата

Вкрстете ги рацете пред телото и полека подигнете ги над главата. Со помош на дишењето полека спуштете ги во почетната положба. Оваа вежба повторете ја најмалку 10 пати. Постепено зголемувајте го замавот со рацете.

Истегнување

Преплетете ги прстите на главата, свртете ги дланките нагоре и истегнете ги рацете колку повеќе можете. Останете во таа положба додека броите до 10. Опуштете се пет секунди, а потоа спојте ги дланките позади грб и истегнете ги наназад колку повеќе можете. Останете во таквата положа додека изброите до 10. Опуштете се 5 секунди, а потоа повторете ја вежбата неколку пати.

Кружење

Силно подигнете ги рамењата кон ушите, а потоа нагло опуштете се. Повторете го ова 10 пати. Потоа, опуштете ги рацете покрај телото и замавнете додека не направите цел круг. Повторете го истото правејќи круг во спротивна насока. Напревете неколку кругови на едната и другата страна.

Ротирање на рамената

Фатете се со дланките за рамена. Полека кружете со лактовите во насока на сказалките на часовникот. Направете пет кругови, па сменете ја насоката на движење. Повторете го тоа пет пати.

Опуштање

Рацете ставете ги покрај телото и нишајте ги напред назад. Повторувајте ја вежбата додека не почнете да чувствувате опуштеност. Во продолжение, протресете ги рацете, а потоа длабоко дишете со подигната глава и спојте ги дланките.