Едни на работа, други покрај река ќе ладат пиво: Каде за 1-ви мај?

Викендов на граничниот премин Богородица имаше огромни колони од автомобили. Грција отсекогаш била топ-дестинација за македонските туристи, а нашите искуства говорат дека за првомајските празници најбарани беа патувањата за Халкидики и за островите, велат од туристичките агенции.

-Тој што има и може ќе си го продолжи вкендот, гледам гужва на грница, а на секој чекор слушам како кукаат баш тие што заминаа на сончање кај нашиот јужен сосед, вели Васил од Влае.

Кај нас, до пред две децении, во периодот кога Македонија се сметаше дека е држава на работничката класа, Први мај беше ударнички ден за работа, кога се натфрлуваа планираните норми, се прогласуваа ударници, се делеа награди, се одржуваа приредби... Традиционален ден за излет беше Втори мај.

-Работам во приватна фирма оваа година 1 мај ќе го поминам работно, се сеќава на убавите времеиња кога одевем на излет, се правеа сакари, уживавме сега се е тоа избледено, луѓето немаат пари, вели Марија од Кисела Вода.

Да потсетиме дека Први мај е меѓународен ден на трудот, ден што се слави во чест на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на работничките права. Во историските читанки пишува дека во 1884 година Федерацијата на синдикатите усвоила Резолуција со која се прогласило дека од 1 мај 1886 година работниот ден ќе трае осум часа, наместо дотогашните 10, 12, па дури и 14 работни часа на ден.

-Оваа година со друштвото ќе одиме во Раштак иако 1-ви се паѓа во вторник, ние се организиравме и решивем овој ден празнично да си го прославиме како порано, вели Ванчо од Козле.

И покрај тоа што прославувањето на овој датум започна со борбата на работниците од Чикаго за воведување осумчасовен работен ден, САД заедно со Канада и Јужна Африка се земјите каде Први мај воопшто не се слави.