Трагедија ќе се случила викендов на Клиниката за детски болести, доколку семејството на време не ги донело три годишното и петгодишното дете кои биле под дејство на големо количество на седативи.

Според разговорите со полицијата и социјалните работници труењето го направила нивната мајка, пренесува Канал 5.

Горчливиот вкус на течноста од чашата предизвикало плачење кај пет годишното дете и почнало да се жали на болки во стомакот, додека три годишното дете било поспано. По овие симптоми кај двете деца семејството веднаш  ги однеле на Клиниката за детски болести. По направените крвни анализи било констатирано дека децата имаат седативи и други лекови. По разговорот било потврдено дека мајката на децата им ги давала лековите.

„По направените разговори било потврдено дека децата пиеле од чаша што им ја давала мајката. Веднаш децата биле детоксицирани. За среќа навреме се реагирало“, вели проф. др. Аспазија Софијанова од Клиниката за детски болести.

За случајот била известена полицијата и социјалните служби, кои по разговор со семејството им било потврдено дека и мајката имала обиди за самоубиство.  

„Веднаш е повикана полиција и социјални служби со кои се запазени сите процедури и е потврдено дека член од семејството го направиле ова“, вели Софијанова.

Децата се во добра здравствена состојба. Социјалните служби засега ги отстраниле децата од мајката, која е на психијатриско лекување.