Две лица тешко повредени во тепачка во скопско Радишани

Две лица се тешко повредени во инцидент кој се случил изминатиот викенд во скопско Радишани. 

Како што соопшти полицијата,во саботата во 19.20 часот во СВР Скопје, Ј.В.(54) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот во населбата Радишани во Скопје тој, неговиот син Х.В.(29) и неговиот сват В.Р.(64) по претходна расправија биле физички нападнати од О.М.(29) и уште едно лице со остар и тврд предмет. Со тешки телесни повреди се здобиле Х.В. и В.Р., а пријавителот се здобил со телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.