Две лица повредени во сообраќајка во Бардовци

На 10.04.2023 во 17.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота ајго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ц.П.(49) од Маврово и патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., а со телесни повреди се здобил З.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.