Два земјотреси утринава: Се тресеа Црна Гора и Турција

Утринава два одделни земјотреси ја стресоа околинава. Првиот и посилен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е лоциран во источна Турција.

Земјотресот е регистриран на 29 километри североисточно од Синџик во провинцијата Адијаман и тоа на длабочина од девет километри.

Вториот земјотрес пак е регистриран во 9 часот и 16 минути на длабочина од девет километри во Црна Гора.

Се работи за земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала , а епицентарот бил на 20 километри северозападно од Никшиќ.