Драго мое девојче, ти не треба да правиш ништо за да го натераш да биде заинтересиран

Драго мое девојче,

Неодамна, јас и мајка ти баравме нешто на Гугл. Некаде на пола пишување, Гугл ни понуди листа на најпопуларни пребарувања на светот. На самиот врв на таа листа беше прашањето: „Како да направите да остане заинтересиран?“

Тоа ме допре. Прочитав безброј текстови за тоа како да бидеш секси, кога да го водиш на сендвич, а кога на пиво и што да правиш за тој да се чувствува попаметно и посупериорно.

И навистина се налутив.

Драга моја, не, твоја работа никогаш не била и никогаш нема да биде да правиш да „остане заинтересиран.“

Драга моја, твоја единствена задача е да знаеш, длабоко во себе, во тоа чудно место кое не е збунето од одбивања, загуби и его, дека ти вредиш. И ако запомниш дека секој човек вреди, најголемата животна битка ќе биде речиси освоена. Но, за тоа ќе ти зборувам во друга прилика.

Ако можеш да веруваш во себе, ќе бидеш привлечна во најважната смисла на тој збор: Ќе го привлечеш вниманието на дечкото кој е способен самиот себеси да се заинтересира и кој ќе посака целиот свој живот да го помине сакајќи целосно да те запознае тебе и твоите интереси.

Драга моја, сакам да ти зборувам за момчето за кое не мора да паѓаш во несвест за да го држиш заинтересиран, затоа што тој знае дека ти си интересна сама по себе.

Не е важно дали ги става лактите на маса додека јаде, сѐ додека го држи својот поглед на твоето носе додека се смееш. И не може да престане да те гледа.

Не е важно дали може и сака да пие пиво со мене пред телевизор, сѐ додека може да си игра со децата кои ќе ги имате и да ги открива сите прекрасни и фрустрирачки сличности меѓу вас.

Не е важно дали го следи својот паричник, сѐ додека го следи своето срце кое го води кон тебе.

Не е важна дали е силен – сѐ додека ти дава простор да ја покажуваш силата која ја имаш во твоето срце.

Воопшто не ми е важно за кого гласа – сѐ додека секојдневно ти укажува чест и те почитува и дома и во своето срце.

Не ми е важно од каде е, сѐ додека платното на вашите животи го бои со боите на трпението, пожртвуваноста, ранливоста и нежноста.

Не ми е важна религијата, сѐ додека е воспитан да го цени сѐ она што е свето и да знае дека таков е секој негов момент во животот со тебе.

И на крајот, ако најдеш таков маж и ако тој и јас немаме ништо заедничко, нам заедничка ќе ни биде најважната работа.

ТИ.

На крајот на краиштата, драга моја, единствената работа која треба да го натера да остане заинтересиран си ТИ.

Те сака,

Тато

cheap nike free run 5.0