Секогаш кога станувало збор за љубов, кај мене тоа обично секогаш било поврзано со болка, лаги, измами и манипулација. Никогаш навистина не почувствував што е тоа љубов. И со години бегав од љубов. Секогаш велев дека нема да се мажам. Но, тогаш го запознав човекот кој промени сѐ, затоа што само вистински маж може да направи повредена девојка повторно да верува во љубов.

Јас никогаш немав почувствувано задоволство од љубов. Никогаш не ја знаев моќта на љубовта, но еве како тој ја промени мојата перцепција за љубовта.

Можев да почувствувам дека тој е вистинскиот за мене. Многу луѓе се плашат од брак поради идејата дека нешто треба вечно да трае и дека треба цел живот да го поминат со една личност. И да, иднината е проклето страшна. Но, финтата е во тоа што сфатив дека не сакам друг и дека не е возможно да постои друг човек кој ќе ме исполнува со толку среќа и љубов.

Ние зборуваме за се. Зборуваме за моите стравови и грижи, затоа што здравата комуникација е клучот за успешна врска. Самото тоа што можам да му се обратам за сѐ е причината поради која тој воедно е и мој најдобар пријател. Тој ме смирува со самото тоа што ме слуша и ме остава да зборувам. Дури и за најтешките теми, можам да зборувам со него и знам дека нема да ме осудува.

Во мојот ум, веќе можам да си го замислам заедничкиот живот, нашата свадба и замислувам како заедно ја градиме иднината. Тоа ме исполнува со среќа и задоволство. Без оглед на тоа што не чека во иднината, јас сум возбудена за нашето заедничко патување низ животот.

Тој ми даде ново значење на поимот љубов, чувство за кое не верував ни дека постои. Навистина гледам дека ме сака и не можам да си го замислам животот без него. Тој е целиот мој свет. Тој е несебичен, трпелив и љубезен и можам да му верувам. И откако сфатив дека не можам да живеам без него, тогаш сфатив дека тој направи да се премислам во врска со бракот.

Почнав да сфаќам што е важно, а што не. Почнав да ја гледам пошироката слика. Сфатив како сакам да изгледа мојата иднина. Сфатив дека совршенството е мит. Кога ќе си признаеме дека ниту една врска не е совршена, тогаш можеме да почнеме да создаваме нови дефиниции за тоа што значи совршенството за нас. Ќе има и подеми и падови, но она што е важно е како се справуваме ние со нив и дали учиме во процесот.

Иднината може да биде страшна, затоа што е непозната, сѐ може да се случи и да се промени во една секунда. Но, јас сум подготвена да се соочам со сѐ, сѐ додека тој е до мене.

Имам чувство дека завршив онаму каде што треба да бидам – во неговите прегратки.