Доаѓа нов топлотен бран над Македонија

До крајот на месецов ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра. 

Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе се спуштат до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во пораст, со највисоки 39 степени за време на викендот.