Апарат „Vein Finder“ за полесно наоѓање вени кај мали деца ќе биде дониран денеска на Универзитетската клиника за детски болести.

Станува збор за донација на Центарот за дијализа Диамед Македонија. 

На промоцијата на апаратот ќе се обратат директорот на Универзитетската клиника за детски болести, Катарина Ставриќ и директорот на Центарот за дијализа, Вера Иванова.