Детали за пожарот во Мичурин

Пожар избувна вчера во зграда во Мичурин, а станарите панично бегале. Со помош на противпожарната бригада е спречена трагедија.

Звонко Томески, командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, информира дека пожарот кај нив бил пријавен вчера во 17 и 25 часот. Изгорел стан во зграда на улица „Бенџамин Маџунков“, а за среќа нема повредени лица, но штетета се проценува на половина милион денари.

Во гаснење на пожарот итервенирале 4 противпожарни возила и 11 пожарникари кои спречиле огнот да се прошири на другите станови, пишува Телеграф.