Утре, 19.03.2019 г. (вторник), пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров ( во паркот пред општината ), со почеток во 11,00 ч. ќе почне одбележувањето на Денот на екологијата.
Манифестацијата ќе ја отворат градоначалникот Велимир Смилевски и Заменик министерот за екологија Јани Макрадули.
Оваа година општина Бутел заедно со основните училишта и градинките ќе организира повеќе активности кои ќе траат од утре се до 30.03.2019 г. кога ќе биде одржана завршната манифестација: ,,Вози велосипед за почист Свет,,.
Инаку, секое училиште ќе обработува посебна тема:
Сите одбележувања ќе траат од 11,00 – 13,30 ч. и покрај учениците и дечињата од градинките учество ќе земат и родителите, односно граѓаните на Општина Бутел, а ќе бидат обезбедени и соодветни експери за конкретните теми што ќе се обработуваат. На крајот ќе бидат наградени трите најуспешни тимови, најдобриот ,,еко стрип,, ќе се доделат пофалници, благодарници и планинарски ранци.