Денеска во Ѓорче ќе започне традиционалниот турнир во мал фудбал

Денеска на мултифункционалното игралиште кај надвозникот во Ѓорче Петров, со почеток од 20 часот, четврти пат ќе започне традиционалниот турнир во мал фудбал во организација на здружението на граѓани „Ѓорче Петров-куп“, кој годинава првпат станува и меѓународен. На турнирот првпат ќе учествува и екипа од соседна Србија.

 На турнирот се пријавени 20 екипи од целата држава, а судиите се распоредени од ФФМ. Наградниот фонд за првото место изнесува 120.000 денари, за второто 60.000 денари, за трето 30.000 денари, а за четвртото место 10.000 денари.

 Генерален покровител на турнирот се Општината Ѓорче Петров и градоначалникот Сокол Митровски, а голема поддршка добива и од Советот на Општината.

 Турнирот ќе го отвори градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски. Со овој спортски настан започнува празнувањето на Општина Ѓорче Петров – 20 септември, која подготвува богата празнична програма.