Никогаш не верував дека ќе дојде ден кога ќе бидам сигурна дека сакам да си заминам.

Самата на себе си велев дека ќе те чекам, дека еден ден ќе се вратиш и дека ќе продолжиме онаму каде што сме застанавме: во времето кога беше предобро за да биде вистинито. Овие денови веќе не ми доаѓаш во мислите како порано. Некако исчезна и болката поради која не можев да станам од кревет.

Кога ми рече дека се надеваш дека можеме да останеме пријатели, длабоко во себе знаев дека ако останеш во мојот живот, секогаш ќе сакам повеќе. Сега мислам дека можам и дека заслужувам некој кој ќе се труди да остане, без оглед на сѐ.

И покрај тоа никогаш претходно не сум била така заљубена во некого, сакам да ти кажам дека најдобро е да продолжам со мојот живот. И да си одам од тебе. На крајот на краиштата, надежта е единственото нешто коешто ја одржува фантазијата, сонот дека еден ден ние повторно ќе бидеме ние.

Истовремено, ти си сон кој веќе ми се има остварено. Ми покажа дека постојат луѓе кои го гледаат светот исто како и јас, кои слушаат и сакаат како да не постои утре. Ти ми ги отвори очите за еден нов свет кој е позитивен и полн со задоволства. Благодарение на тебе почнав да го ценам времето. Ти беше моето чудо кога јас веќе полека се откажав од се.

Воглавно, ти беше во право кога рече дека треба да бидам благодарна. Се надевам дека ќе ми поверуваш кога ќе ти кажам „Благодарам“ за тоа што направи повторно да се чувствувам целосна.

Сега се откажувам од тебе. Знам дека си среќен каде и да си, секогаш беше таква личност. Се надевам дека и јас наскоро ќе живеам среќен живот. Ако некогаш дојде до тоа случајно да се сретнеме или да ми затропаш на врата, можеби и ќе одлучам повторно да те пуштам во животот.

Но, денес одлучив дека ќе престанам да те чекам.