Зошто никогаш не треба да чекате некој да одлучи да биде со вас?

Некогаш верував дека чекањето е идеална декларација за љубовта, дека така и покажуваме на другата личност дека сме подготвени да ја чуеме нејзината одлука дали сака да биде со нас. Но, со текот на времето, со сите искуства сфатив дека тоа не е љубов.

Најголемите љубови не се лесни и сите тие бараат компромиси, но во нив лежи јасна желба и одлука дека двете личности сакаат да бидат заедно. Чекањето некој да одлучи дали сака да биде со нас нема никаква врска со љубовта.

Да признаеме, не ни знаеме што чекаме. Дали чекаме доказ за љубовта? Дали бараме од личноста таа да се смени? Дали бараме личноста која ја сакаме да препознае дека и ние ја сакаме и дека сме посветени и лојални?

Но, некогаш одговорот е не. Некогаш, на крајот сепак не сме и доволни на таа личност.

Кога чекаме другата личност да реши дали сака да биде со нас, тоа значи дека за нас е во ред кон нас да се однесуваат како да не сме важни и како да не го заслужуваме нивното време. Тоа значи дека не се вреднуваме себеси доволно и оставаме на другата личност да реши дали навистина вредиме.

Чекањето не е знак на разбирање, лојалност или сила, туку знак на игнорирање и одбивање на тоа дека никогаш нема да бидеме сакани како што треба да бидеме. Тоа значи дека никогаш нема да бидеме на нивниот пиедестал, бидејќи им дозволуваме да одлучат кога не сакаат, а кога не не сакаат во нивниот живот. Ја ставаме цела судбина во нивни раце, цела наша сигурност и самодоверба.

Чекањето значи ставање сол на сопствената рана и однесување дека тоа не боли воопшто. Тоа значи дека и дозволуваме на другата личност да избере дали сака да биде со нас, откако ќе ги разгледа сите други опции. Тоа значи дека прифаќаме да бидеме одбиени во секој момент кога личноста ќе одлучи дека веќе не сме и доволни. Тоа значи дека си велиме себеси, на другата личност, а и на целиот свет дека не заслужуваме почит.

Ако веќе морате да чекате, чекајте да бидете избрани секој ден, чекајте да бидете потсетени дека сте специјални, чекајте да бидете сакани на начин на којшто заслужувате и да бидете сфатени сериозно од некој кој нема да дозволи да се чувствувате несигурно и тажно.