Ден за фотографии, автограми и дружба со ракометарите на Вардар

В четврток, од 12:30 до 13:30 часот, на плоштад „Македонија" Вардар организира дружба на ракометарите од машката и женска екипа со своите фанови.

Сите љубители на ракометот и поддржувачи на црвено-црните ќе имаат можност да се запознааат со играчите, да поразговараат со нив, да им постават прашање и секако, да се фотографираат и да добијат автограми.

Вардар подготви и посебно изненадување за сите кои имаат ракометни афинитети. Натпреварувајте се, постигнете гол и добијте вредни награди и многу повеќе.

Целата дружба ќе претставува заедничко загревање за спектаклот на кој сите му се радуваме, натпреварот против Висла Плоцк в сабота во 18:00 часот, на кој Вардар ќе атакува на победа и пласман во четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите.