Децата по дојавата ги вратија во клупи, алармира загрижена мајка од Кисела Вода

Скопјанка која сака да биде анонимна денеска алармираше дека по денешните дојави за бомби во едно скопско училиште децата останеле во училиште. 

-Во „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода децата после дојавата ги вратија во клупа и не им дозволија да одат дома. Во 12 беше закажана вежба за евакуација при земјотрес и за да не ја одложат се вратија во училиште, вели загрижената мајка. 

Инаку, во ова училиште денеска имаше симулациска вежба за заштита и спасување во случај на земјотрес проследен со пожар.

Оваа информација попладнево беше демантирана од страна на директорот на ова основно училиште, неговата реакција може да ја прочитате тука