Цветко Грозданов: Одржувањето на Купот на УЕФА не е доведено во прашање

Ги уверувам граѓаните дека одржувањето на Купот на УЕФА ќе се одржи и во ниту еден случај нема да биде доведен во прашање. Ништо нема да не поколеба да го завршиме проектот, вели Цветко Грозданов - директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Цветко Грозданов, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор минатата недела најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот Андреј Жерновски и општина Центар заради пролонгирање на процедурата за добивање дозвола за градба на локацијата на која ќе бидат поставени ТВ екипите за пренос на Супер купот на УЕФА. Спорот настанал за тековната адаптација на фудбалската арена „Филип Втори“ во согласност со критериумите на УЕФА, со кои би се овозможило непречено одвивање на закажаниот натпревар во август годинава.

„Ги уверувам граѓаните дека одржувањето на Купот на УЕФА ќе се одржи и во ниту еден случај нема да биде доведен во прашање. Ништо нема да не поколеба да го завршиме проектот“ изјави директорот Цветко Грозданов. Тој нагласи дека 99% од севкупните работи за адаптација на стадионот се завршени. Просторот на кој треба да се сместат телевизиските екипи ќе биде израмнет со чакал, но на него нема да се подигнат предвидените тениски терени. Од АДСДП сметаат дека причина за ова е одземањето на градежната дозвола од општина Центар, со што земјиштето ќе треба да се врати во првобитната состојба.