Црна хроника: Се трага по млада скопјанка, каменуван воз кај Визбегово

Полицијата на нозе: Се трага по млада скопјанка

Татко од селото Љубанци во паника се јавил во полицијата во Чаир да пријави дека нема ни трага ни глас од неговата ќерка. Се работи за 44-годишниот Ц.Г. кој на полициските службеници им раскажал дека од домот во непознат правец на 22 месецов се одалечила неговата ќерка.

Се работи за 19-годишната Ц.Н. по која полицијата интензивно трага.

 

Каменуван воз кај Визбегово - искршени стакла на сите страни

Во 03 часот помеѓу железничката станица-Скопје Север и железничката станица-Ѓорче Петров, поточно кај надвозникот кај Визбегово, непознати лица извршиле каменување на патнички воз кој сообраќал на релација Скопје–Кичево.

Скршено било едно неподвижно прозорско стакло од вагон, додека повредени патници за среќа нема.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците.