Ако се двоумите за тоа каков леб треба да консумирате, Ви даваме совет кој ќе ви помогне полесно да одлучите…

Популарноста на белиот леб е неоспорна и неговата употреба е доста голема. Белиот леб има подобри пекарски квалитети, но црниот леб има поголема хранлива вредност.

Бел леб:

- парче бел леб содржи само четврт-грам растителни влакна.
- најхранливите делови, обвивката и јадрото се отстрануваат со мелење.
- Белиот леб е храна богата со скроб, односно празни јаглехидрати.
- парче леб содржи 70 – 80 калории.

Црн леб:

- парче леб содржи 2 гр. растителни влакна, а некои се направени од различни видови зрна кои содржат и над 15 гр. влакна.
- богат е со природни влакна, витамини и минерали.
- темниот леб содржи неколку пати повеќе витамини и елементи во трагови, калциум, магнезиум и калиум отколку белиот леб.
- темниот леб го спречува дебелеењето и Ви дава чувство на ситост поради влакната што ги содржи.