Ако спаѓате во групата луѓе кои многу тешко можат да се откажат од лебот, имаме одлични вести за вас.

Овој леб има само многу малку калории (1 кришка  - 60 калории), а потребни ви се само четири состојки за негова подготовка. Тој содржи само 1 грам јаглени хидрати.

Потребни состојки:

4 белки

50 гр сирење

¼ лажица лимонов сок

Масло

Начин на подготовка:

Белките се мешаат со лимоновиот сок, а потоа се додава сирење (или јогурт како негова замена). Крајниот резултат треба да наликува на смеса за палачинки која потоа во кругови се нанесува на плех и се пече 30 минути на температура од 150 степени.