Чурлинов се врати во Шалке

Нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов официјално се врати во редовите на Шалке каде ќе биде на позајмица од Барнли до крајот на сезоната 2023/2024. Да се игра за Шалке за Чурлинов нема да биде тотална непознаница зошто тој и претходно го носеше дресот на овој бундеслигаш.

- “Задоволен сум што се враќам во Шалке, секогаш останав во контакт со клубот и навивачите. Сакам сега да му оддолжам на клубот за нивната верба во мене – по можност со голови, асистенции и, пред сè, со победи“, изјави Чурлинов.