Човечки фактор причина за пожарот на Водно

Пожарот на Водно е изгаснат. ЈП„Паркови и зеленило“ ноќеска оставија и дежурна екипа на Водно во случај пак да се појави оган.

Техничкиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“, Велијан Јагев, за „Макфакс“ вели дека, најверојатно, пожарот на Водно е предизвикан од човечки фактор, но  Министерството за внатрешни работи тоа дополнително ќе го испитува. Од МВР велат само дека имаат изјава од минувачи во време на пожарот и дека  истрага е покрената.

Пожарот избил вчера околу 14 часот и истиот бил пријавен од случаен минувач.Во гасење на пожарот учествуваа четири цистерни.