За да подготвите домашни рум пунч коцки, потребни се следниве состојки:
250 гр путер
6 јајца
300 гр шеќер
200 гр брашно
Едно пакување прашок за пециво
40 гр какао
10-15 мл рум
3 лажици џем или мармалад по избор
4 редови чоколадо за готвење
Една лажица масло за готвење
Подготовка
Се одделуваат жолчките од белките од јајцата. Белките се матат во цврст снег. Се матат шеќерот и путерот и им се додава една по една жолчка. Потоа додавате брашно, постепено, прашокот за пециво и на крајот лажица по лажица, снегот од белки.
Ја мешате смесата и ставате да се пече во подмачкан плех на 200 степени. Кога ќе се излади, пресечете го пандишпанот на два дела. Горниот дел изронете го, додајте ги румот и џемот и измешајте, но внимавајте да не се претвори во тесто.
Нанесете ја смесата врз долниот пандишпан, израмнете убаво и прелијте со глазура од чоколадото за готвење и малку масло.