Четири вистини: Дали ќе победи оној кој го игра најдобриот ракомет, а тоа е Вардар?

Кога ќе дојде таа недела во која треба да се тргне за Келн, сите приказни губат смисла. Крај е на сезоната и се е веќе испукано, и играчите, медиумите, навивачите.

Последните атоми од силите ги користиме да го издржиме и овој викенд, затоа што случувањето во Ланксес Арената, сто пати кажано, е нешто што на ракометот му дава нова димензија, пишува во колумната на „Balkan-Handball.com“.

Тоа е место кое секој кој го сака ракометот мора да го види барем еднаш во животот, а таму конечко ќе биде тим од Екс-Ју просторите. Македонската ракометна еуфорија доби друга димензија по доглите години ривалство меѓу Вардар и Металург. Доби друга димензија после сезона во која големите резултати стана нормална работа, пишува новинарот од овој ракометен портал.

Веќе никој не се изненадува на победите, кој и да е противникот на другата страна од теренот. Тоа дека секој може да го победи секого, тоа е ракометен ЗАКОН на Саемот во Келн, каде ќе се мешаат сите бои и различни јазици, па и германскиот, иако најдобрите тимови се потрудија навивачите на Кил, кој ќе бидат макар третина од салата, потполно да се опуштат, не грижејќи се за резултатот на својот тим. Бурињата за пиво ќе работат во слава на ракометот и добриот стандард.

Во Келн нема фаворит, ниту аутсајдер. Тоа го научивме од претходните искуства. Не постои сценарио кое е невозможно.

Мене ме голицкаат одговори на четири прашања, затоа што како некој со завидно искуство во градот на Рајна, патот до салата, прес центарот, местата на трибините и микс зоната знам да ги пронајдам и со врзани очи, пишува новинарот.

Дали ќе победи оној кој го игра најдобриот ракомет? Вардар.

Дали ќе победи оној кој ги има најдобрите играчи? Парис Сен Жермен.

Дали ќе победи оној кој доаѓа со најслабиот ростер во последните денет години, но тука повторно како доказ дека во ракометот 1+1 често не е 2? Барселона.

И конечно, дали ќе победи оној на кого сите карти и небото над Келн би требало да се отвори? Веспрем.

Можеби на новинарите Келн им е секоја година, но историјата се пишува веднаш и сега. На Тимур Дибиров му требаа седум години да избрендира патики за враќање во Ланксес Арената, во која на премиерата дојде со тогаш своите Чеховски Медведи, во 2010 година.

Некои натпревари се играат само еднаш, а се останато останува за аналите и ТВ хрониката. Времето не се враќа. Овој викенд никогаш нема да се повтори.

Уште кога би знаеле кој го има тој Х фактор, кој тоа ќе полуди, а од неговото лудило и армијата луѓе околу него. Кога би знаеле, па да се збогатиме…, завршува новинарот на „Balkan-Handball“.