Четири годишно дете од кичевско Бачиште во критична состојба вчера било донесено во скопскиот Ургентен центар. Од полицијата информираат дека детето било нападнато од кучиња.

Инцидентот се случил вчера околу 11:30 часот кога детето излегло од куќата и преку нива сакало да помине за да отиде во соседната куќа.

Во тој момент било нападнато од кучиња кои дошле од соседната штала со овци во сопственост на Ш.В. (49) кој кучињата ги чувал пуштени.

Од полицијата велат дека извршен е увид, а по целосно документирање на случајот против Ш.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.