Нападнато и ограбено момче на пешачка патека во Аеродром

Во 22 часот синоќа се одвивала драма кај патеката позади Основното училиште Љубен Лапе во Скопје. Полицијата информира дека 18-годишниот скопјанец Д.М. пријавил дека на пешачка патека позади школото, засега непознат сторител му извршил разбојништво, така што го удрил во пределот на тилот и кога паднал му одзел мобилен телефон, а се обидел да му одземе и златно синџирче од вратот, но не успеал. 

После тоа сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.