Червар: Судиите нè крадат, мора и нив да ги победиме (видео)

Хрватскиот тренер Лино Червар на високо ниво ја дигна мотивацијата во македонскиот тим на мечот против Тунис. Нашиот селектор во големата победа делеше совети, а најинтересните беа на „тајм-аутите“, каде нашиот селектор им порача на ракометарите да играат против судиите, да „тепаат“ во одбраната и да бидат вистински „крвници“ кога беше најпотребно.