Младите, но сепак амбициозни уметници останаа разочарани откако не го прочитаа своето име на списокот на проекти од национален интерес во културата . Не гледаат логика во тоа што парите се доделуваат кај трговците на музика, односно фирмите и организаторите на музички настани , а не кај оние кои прозиведуваат музика.

Револтирани од ваквиот чекор на министерството за култура велат дека и тие и јавноста сакаат да знаат кои биле членовите на комисијата која одлучувала кој колку пари ќе добие и дали ќе добие. Велат дека оние не избраните, повторно ќе треба да се вложуваат и да работат за кога ќе дојде моментот на доделување на субвенции “судијата” oд министерството за култура да пресуди во нивна корист и тие да си го остварат сонот или пак повтроно да бидат разочарани и да ја изгубат жестоката енергија за креирање на македонската култура.

Во јавноста на големи негативни критики наиде огромната сума која е доделена на  „Авалон продукција“ кои добија околу 6 милиони денари односно 100.000 евра за 25 концерти што ќе ги организираат во Скопје и Охрид оваа година.

Уметниците коменитираат дека истите продукциски куќи со години се помагани од министерството, а оние кои креираат музика заборавени.  Социјалните мрежи вријат од статуси на граѓани кои коментираат дека парите наместо да бидат ставени в џеб на профитабилни музички компании, можеле да спасат нечие здравје или живот.  

Кумановските актери од македонската драма  изразија незадоволство од начинот на кој Министертвото за култура ги распредели средствата за 2018 година, кој според групата актери од Куманово, театарот повторно е обесправен.

- Ние, актерите од Театар Куманово, јавно го искажуваме нашето незадоволство од објавените резултати за годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, според која, на театарот во Куманово (македонска драма) повторно се доделени само два проекти, со вкупен буџет од 1.600.000 денари, стои во реакцијата на групата актери од кумановскиот театар.

Бурни реакции има и по доделувањето на пари за здружението Виган од Тетово. Дете-талент пеејќи и за Исмет Јашари и УЧК доби субвенција од Министерство за култура.

Младиот пејач има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден запис, во кој тој е облечен во маскирна униформа на УЧК и пее песна каде се величи делото на командантот на УЧК познат како Куманова.

Здружението Виган за проектот ,,Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала решила да им додели повеќе-300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.Од министерството изјавија дека младиот талент по грешка му доделиле повеќе пари.